Младиот фудбалер на Барселона, Педри, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за настап викендов на средбата против Реал Сосиедад.
Каталонците потврдија дека 20-годишниот играч за врска се опоравил од повредата на квадрицепсите и му се става на располагање на тренерот Чави Ернандез. Педри се повреди на тренинг и беше надвор од терените месец и половина.
Тој оваа сезона одигра само два натпревари во Примера и постигна гол во победата од 2-0 над Кадиз.