Лина поразена во 1/4 финалето во Ираклион!

73

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да се пласира во следната фаза, односно во полуфинлето на турнирот во Ираклион, во Грција. Имено Лина беше поразена и тоа убедливо од Сиња Краус од Австрија, со 0:2 во сетови.

Во првиот сет противначката беше подобра и го доби со 2:6 во гемови, додека во вториот Лина се обиде да направи нешто повеќе, но бадијала, и овој сет беше загубен со 4:6.

Интересно е тоа што Лина е далеку подобро пласирана од Краус на ВТА листата. Македонката во моментов се наоѓа на 187 место, додека тенисерката од Авсрија на 224.место.

Претходно“Воена“ состојба во Рио пред финалето на Копа Либертадорес! (ВИДЕО)
СледноПандев во “Еден на Еден“ открива разни пикантерии: Немав земено плата десет месеци, Рапаиќ ме зема да живеам кај него