Македонските ракометари го освојуваат Солун!

4793

Македонската ракометна репрезентација денеска (17:30 часот) го игра првиот пријателски натпревар против Грција во рамките на ЕХФ-неделата. Селекторот, Кирил Лазаров за двомечot во Солун поведе 18 играчи.

После долго време во „црвено-жолтиот“ дрес се враќа Никола Костески, благодарение на добрите игри во чешкиот тим Плзењ. Лазаров го повика и Милан Лазаревски, кој оваа сезона блеска во домашниот шампионат, засега добро го заменува Стојанче Стоилов.

Инаку токму со оваа ЕХФ недела почнува и загревањето за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Предводникот на нашиот национален тим ќе има шанса да ја провери формата на играчите и да направи план за следниот собир, на кој ударно ќе се работи континенталното натпреварување.

Грција е противник, кој не е познат по ѕвезди во составот, но исто така е противник кој не треба да биде потценат. Македонија еднаш го стори тоа, исто на гостински терен, но во Кожани, каде беше совладана со 28-26 во квалификациите за ЕП 2020 година.

Грција против Македонија има славено во 2002 година со 25-24 во Кукуш. Ова се двете единствени средби на кои ракометарите на нашиот јужен сосед биле подобри од „црвено-жолтите“.

Од последната средба во Струмица многу работи се променија, ниту Македонија е истата, ниту пак Грција е истата селекција.

Досегашни меѓусебни дуели Македонија – Грција:

12.јануари 2000: Грција – Македонија 19:21 (Атина)

16.јануари 2000: Македонија – Грција 26:21 (Скопје)

9.јануари 2002: Македонија – Грција 24:19 (Прилеп)

12.јануари 2002: Грција – Македонија 25:24 (Кукуш)

11.јуни 2014: Грција – Македонија 21:23 (Атина)

19.јуни 2014: Македонија – Грција 35:23 (Скопје)

28. октомври 2018: Грција – Македонија 28-26 (Кожани)

16. јуни 2019: Македонија – Грција 27-23 (Струмица)

ПретходноОткажано Европско првенство во ватерполо
СледноВембањама со страшни бројки: Има само 19 години, висок е 224 см и е новата мега – ѕвезда во НБА! (ВИДЕО)