Младинската репрезентација ја совладаа Турција со 15 гола разлика

140

Машката младинска репрезентација на Македонија победи на првата од двете пријателски средби против Турција. Избраниците на Раде Стојановиќ го решија мечот уште во првото полувреме кога имаа предност од 18-11. Во продолжение само ја билдаа гол разликата и крајната победа изнесуваше со 15 гола разлика, 34-19.
Петковски беше најдобар стрелец со шест погодоци, по четири гола дадоа браќата Узунчеви и Тотиќ.

Втората пресметка меѓу Македонија и Турција ќе се игра утре.

ПретходноПокетино: Арсенал и Барселона се единствените клубови во кои не би работел
СледноЈа откачи Италија, ќе чека повик од Аргентина