Во пресрет на големото дерби во Бундеслигата, меч меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, утре од 18:30 часот, повторно „пукна“ во соблекувалната на баварскиот гигант.
А тоа е поради бламажата во Купот на Германија, во кој Баерн и покрај тоа што имаше водство од 1:0, на крајот бепе елиминиран од третолигашот Сарбрикен.
Неколку играчи се незадоволни од работата на тренерот Томас Тухел, а нив ги предводи Џошуа Кимих, кој никако не може да се снајде по заминувањето на Јулиан Нагелсман.
Како врв на сето тоа дојде критиката на Тухел кон своите играчи од средниот ред, со намера да го понижи Кимих.
Инаку на Тухел општо му се замерува и тоа што бил многу близок со Хари Кејн, а и тоа дека поголем дел од тактичките замисли неговите играчи едноставно не ги разбирале.