Спортспорт во Солун, Марија Ковачева
Со позитива од три гола (12-15), избраниците на Кирил Лазаров го завршија првото полувреме против Грција. Нашите ракометари од стартот го наметнаа своето темпо, најголемата предност беше пет гола (6-11).
Македонската ракометна репрезентација го отвори дуелот со три гола во низа. Пешевски погоди за 0-1, Митревски ја запиша првата одбрана, а веќе во следните два напади реализираа Костески и Кузманоски за 0-3. Првиот првиот гол Грција го постигна во шестата минута (1-3), дојде на 4-5 во десетата минути, по неколку наши грешки. Одличниот Џонов со вториот погодок и со асистенција до Пешевски, заедно зголемија на нови плус три (4-7) во 12. минута.
Македонија ја користеше својата доминација во однос на противникот, добрата одбрана беше причина за ново поголемо водство, во 19. минута на семафорот стоеше 6-11, а истите ги постави Атанасијевиќ.
Лазаров правеше ротации во составот, пробуваше комбинации. Имаше минути кога одбраната попушташе, па противникот казнуваше, се најде пред шанса да дојде до еден гол негатива.
Одбрана на Митревски, по еден погодок на Јагуриноски и Кузмановски, беа доволни за да се одржува предноста од три гола (11-14). Кузмановски на минута и пол до одморот не успеа да реализира од седум метри, не реализираа ниту Грција, па Јагуриноски повторно зголеми на 12-15. Со овој резултат заврши првото полувреме.
МАКЕДОНИЈА: Томовски, Митревски (4 одб), Пешевски 3, Ненад Костески 1, Никола Костески, Ц. Кузманоски 2, Џонов 2, Талески 1, Велковски, Атанасијевиќ 1, Јагуриноски 2, Маркоски 1, Серафимов, Кузмановски 2, Ѓоргиев, Лазаревски.