Прв пораз за шампионот: Драма со среќен крај за кошаркарките на Вардар

165

Драма и прегледување на ТВ снимка од страна на официјалните лица донесе завршницата на дербито межу Вардар и Баскет Км во рамките на 5. коло од првата кошаркарска лига кај дамите. Вардар славеше со 64:62 во меч кој беше исклучително изранет до самиот крај.

По изедначената прва четвртина која заврши со минимална предност за Вардар (18:17), домашната екипа заигра уште подобро во втората, и успеа да обезбеди солидно водство на полувремето (37:29).

Избраничките на тренерот Александар Ашаданов во третиот период одиграа уште подобро и дојдоа и до двоцифрена предност од 45:34. Но кошаркарките на Баскет Кам 2011 се вратија во дербито и тоа со серијата од 17-3, која им донесе и водство од 51:48. Драмата продолжи до крајот, кога победникот беше одлучен на две секунди пред крјаот, оние во кои Моника Зафировска погоди две од трите слободни фрлања. За минимални (64:62), кои се покажаа и како победнички. Кошаркарките од Македонска Каменица дури и успеаја да поентираат во оние две секунди, но по прегледот на ТВ снимката судиите проценија дека тие поени на гостинската екипа не важат, и прогласија победа за Вардар.

Овба беше петта победа за девојките во „црвено-црна“комбинација, за максимален ефект, и прв пораз за бранителот на титулата во новата сезона. На својот прв настап во дресот на Вардар, Селцова потигна 18 поени, младата репрезентативка Начевска погоди четири тројки за 16 поени, додека пак Зафировска финишираше со 10 поени и шест скока. Во екипата на Баскет Кам 2011, со 20 реализации прв стрелец беше Кметовска.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО

Вардар – Баскет Кам 2011         64:62

САБОТА:

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет

ПретходноАндонов: Против Македонија ЃП на победа уште од првата минута
СледноЛазаров: Мора сите заедно да го сочуваме брендот, во спротивно и да дојде Жељко Обрадовиќ – џабе ќе биде!