Тен Хаг: Манчестер Ј. не може да игра како Ајакс

683

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, на прес-конференцијата пред натпреварот со Фулам изјави дека англискиот клуб не може да игра исто како Ајакс, кога тој беше тренер на холандскиот тим.

„Црвените ѓаволи“ утре од 13:30 часот гостуваат кај екипата на Фулам во натпревар од 11. коло на Премиер лигата.

„Намерата е јасна, но нејзиното извршување очигледно се уште не е добро. Во моментов менуваме многу на секој натпревар. Не можеме да излеземе со ист сет за два или три врзани меча. Секој пат кога треба да менуваме нешто. Минатата сезона беше исто, но сега премногу често ни недостасуваат играчи во бековската линија и мораме да се прилагодуваме. Тоа ни ја нарушува рутината. Во средниот ред исто така треба да се адаптираме, ни недостасува Касемиро, важен играч. Мене ми е јасно дека англиски клуб не може да игра фудбал на ист начин како Ајакс“, вели Тен Хаг.

ПретходноЛазаров: Мора сите заедно да го сочуваме брендот, во спротивно и да дојде Жељко Обрадовиќ – џабе ќе биде!
СледноКостески по голот за реми: Имаме одлична атмосфера, навистина сме добра репрезентација!