УЕФА ја казни Барселона половина милион евра

236

УЕФА ја казни Барселона со 500.000 евра поради неправилно пријавување на профитот на клубот, пишува шпанскиот печат. Казната од фудбалската централа е поврзана со пријавувањето на финансиите кои Каталонците ги добија минатата година од продажба на нематеријални средства. Тогаш претседателот Жоан Лапорта искористи неколку финансиски лостови, како што самиот ги нарече, за да ја подобри финансиската состојба на Барселона, која беше многу лоша кога се врати на чело на клубот.

Тоа нема никаква врска со тековната истрага на УЕФА за случајот Негреира.
Одлуката за паричната казна ја донесе Комитетот за жалби на Управата за финансиска контрола на клубот на УЕФА. Казната првично беше изречена во средината на јули, но Камп Ноу досега ја обжали. Но, сега нивната жалба и официјално е одбиена и казната и официјално е изречена.

ПретходноНема полна сала: Грција без поддршка од трибините за дуелот со Македонија (ФОТО)
СледноПолувреме во Солун: Македонија води против Грција со три гола разлика