Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија попладнево на седницата одржана во Кичево одлучи цената на билетите за натпреварот со Англија во Скопје да биде иста како оние со Италија.
Натпреварот со Англичаните ќе се одигра на 20 ноември во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2024.
Цената ќе биде од 300 до 500 денари.
Да потсетиме првиот меч со Англичаните на „Олд Трафорд“ го загубивме со 7:0. Македонија три дена претходно ќе и гостува на Италија.