Шампионот ослабен: Струга ТЛ ќе мора без капитенот Шабани да “удри“ по Шкендија!

281

Во недела во Струга до 13 часот во рамките на 13.коло во ПМФЛ се игра еден од најважните мечеви во оваа сезона. Во него се среќаваат Струга ТЛ и Шкендија, јасно е дека ова ќе биде меч во битката за титулата и во него силите ќе ги одмерат шампионот и моментално третопласиран на табелата, тимот на Струга ТЛ и втората Шкендија. Разликата е само еден бод во корист на тетовци.

Не дека овој меч ќе биде пресуден, но ќе биде од есктра значење во понатамошната трка за тронот.

Тренерот на шампионот, Шпетим Дуро си има проблеми во однос на играчкиот кадар. Имено поради пет жолти картони тој нема да може да смета на својот капитен и еден од најдобрите играчи, “моторот“ на тимот, Буњамин Шабани.

Кумановецот ќе мора ова супер – дерби да го гледа од трибини.

ПретходноОдлична партија на Савовски за пласман на Војводина во 1/16-финалето на ЦЕВ Купот
СледноДешамп за конфликтот со Бензема: Вистината е само една, можам да ви ги покажам пораките!