Ја откачи Италија, ќе чека повик од Аргентина

304

Откако ангажманот на Матео Ретегуи се покажа како успешен експеримент во италијанскиот национален тим, селекторот Лучано Спалети се обиде повторно со иста формула – да натурализира уште еден аргентински фудбалер, овојпат Матијас Суле.
20-годишниот фудбалер на Јувентус, кој игра како позајмен во Фросиноне, го привлече вниманието на италијанскиот селектор. Но Суле за разлика од Ретегуи одби, а ќе чека повик од Аргентина.
Зборував со Спалети и му ја кажав вистината. Се чувствувам Аргентинец и ќе играм за Аргентина. Му се заблагодарив што го забележа мојот потенцијал, сепак, ќе ја чекам Аргентина. Не знам кога ќе биде тоа, порано или подоцна, ќе почекам. Таму сум роден и моето срце секогаш вели Аргентина“, изјави Суле за „Спорт Медиасет“.
За Фросиноне младиот фудбалер постигна пет гола и запиша една асистенција во осум натпревари во Серија А.

ПретходноМладинската репрезентација ја совладаа Турција со 15 гола разлика
СледноЦените на билетите за мечот Македонија-Англија исти како со Италија