Некогашниот репрезентативец на БС Коска, Јаја Туре ја напушти позицијата асистент на тренерот во Стандард Лиеж, а ќе му се придружи на Роберто Манчини на клупата на Саудиска Арабија. Манчини е новиот селектор на С.Арабија, додека Јаја Туре ќе биде негов помошник.
Туре само пет месеци беше на клупата на Стандард, а претходно работеше во академијата на Тотенхем, како и асистент на тренерот Андреј Талалајев во Ахмат Грозни.