Ашковски пред потпис со Раднички Ниш!

572

Како што пренесуваат медиумите во Србија, Стефан Ашковски е многу блиску до потпис со Раднички Ниш, тим од Суперлигата на Србија.

Се чека само да се завршат административните работи со неговиот поранешен клуб од Грција, Ламија и тој да биде промовиран во клубот од Ниш.

Македонскиот стандарден репрезентативец се најавува како големо засилување. Инаку познато е дека тој досега настапуваше за екипите на Ламиа, потоа во клубови од Турција, Холандија, Бугарија, Полска, Романија, играше и во ПМФЛ за Шкендија.

Беше член на Партизан, но постојано беше праќан на позајмици во Долни Срем, Напредак, Нови Пазар…

ПретходноЛуис Енрике објасни што му треба на Мбапе да дојде до “Златна топка“!
СледноОдлична партија на Савовски за пласман на Војводина во 1/16-финалето на ЦЕВ Купот