Во пресрет на големото дерби: Вардар последен пат победил на Чаир пред четири години!

373

Во недела од 13 часот на стадионот на Чаир се игра едно од најголемите дербија во ПМФЛ, секако најголемото градско дерби во Македонија.

А тоа е дуелот меѓу Шкупи и Вардар.

Велиме најголемо и поради тензиите, ривалитетот меѓу навивачките групи, желбата да се биде прв и најдобар во главниот град.

Шкупи и Вардар се две екипи кои по пауза од две години повторно ќе го одмерат силите, а се знае и зошто.

Интересно Вардар последен пат победил пред четири години, и тоа на 18 септември 2019 година во таа сезона, предводен од стратегот Александар Васоски, кога и стана шампион на Македонија.

Тогаш беше 1:2 за “црвено – црните“.

Нема што, во недела на Чаир и тоа како ќе “врие“. Фановите на Шкупи ќе го „окупираат“ стадионот во најголема бројка, тие и самите си признаваат дека ним Вардар а не Шкендија, им е архи-ривал, и дека секоја победа над градскиот ривал им значи премногу.

Наше е да се надеваме дека се ќе помине само со спортско надмудрување, дека тоа ќе биде спектакл и дека подобриот ќе победи.

ПретходноТухел си има проблеми: По бламажата во Купот, повторно “пукна“ во соблекувалната на Баерн!
СледноЛуис Енрике објасни што му треба на Мбапе да дојде до “Златна топка“!