Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да се пласира во следната фаза, односно во полуфинлето на турнирот во Ираклион, во Грција. Имено Лина беше поразена и тоа убедливо од Сиња Краус од Австрија, со 0:2 во сетови.
Во првиот сет противначката беше подобра и го доби со 2:6 во гемови, додека во вториот Лина се обиде да направи нешто повеќе, но бадијала, и овој сет беше загубен со 4:6.
Интересно е тоа што Лина е далеку подобро пласирана од Краус на ВТА листата. Македонката во моментов се наоѓа на 187 место, додека тенисерката од Авсрија на 224.место.