МЗТ Скопје со убедлива победа во Охрид

73

Екипата на МЗТ Скопје ја забележа петтата победа во Првата кошаркарска лига откако денеска славеше на гостувањето кај Охрид со 71-98. Охрид, кој е новак во најсилната лига имаше добар почеток, имаше и водство од осум поени, но немаше сили ни искуство како да му парира на актуелниот македонски првак. МЗТ иако играше без Војдан Стојановски, Ејасу Ворку и Бојан Крстевски, одигра добро и имаше одлична реализација почнувајќи некаде од средината на втората четвртина. На полувреме аеродромци водеа со 47-48.
Во второто полувреме имаа водство од 56-68 пред последната четвртина. А таму играчите на МЗТ играа далеку подобро ја зголемија предноста и стигнаа до бодовите.
Кај Охрид најмногу поени постигна Ибраими, Бернард 16, а кај МЗТ најмногу постигна Расел, 21 поен.

ПретходноКостески погоди за реми во Солун
СледноЈунајтед без Каземиро неколку недели