Машката младинска репрезентација на Македонија победи на првата од двете пријателски средби против Турција. Избраниците на Раде Стојановиќ го решија мечот уште во првото полувреме кога имаа предност од 18-11. Во продолжение само ја билдаа гол разликата и крајната победа изнесуваше со 15 гола разлика, 34-19.
Петковски беше најдобар стрелец со шест погодоци, по четири гола дадоа браќата Узунчеви и Тотиќ.
Втората пресметка меѓу Македонија и Турција ќе се игра утре.