Во 11 коло на англиската Премиер лига ќе се соочат Тотенхем и Челзи и тоа на теренот на „Спарс“. Тренерот на „сините“ Маурицио Покетино ги сподели очекувањата од претстојниот меч против поранешниот клуб кој го тренираше од 2014 до 2019 година.
„Единствени клубови во кои никогаш не би се нафатил да работам се Арсенал и Барселона. Чудно е што се враќам во Тотенхем по четири години. Тоа ќе биде убав ден за мене. Чувствувам дека „Спарс“ се способни да го освојат шампионатот. Тие одлично работат и резултатите им се одлични“, ја цитира Фабрицио Романо изјавата на Покетино.