Ѓоковиќ му се реваншираше на Руне за полуфинале во Париз

399

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз.

Првиот светски рекет беше подобар од Холгер Руне во три сета и по неполни три часа игра го совлада Данецот со 7:5, 6:7(3), 6:4.

Во реприза на минатогодишното финале во кое славеше Руне, младиот тенисер влезе како еден од ретките тенисери кои имаат победнички скор во дуелите со Новак – и покажа зошто е тоа така. Успеа да с еврати од скоро загубен втор сет за да израмни на 1:1, но очигледно не можеше да го издржи товарот на третиот сет во кој Ѓоковиќ со полна сила успеа да го добие мечот.

Во решавачкиот сет, Ѓоковиќ прв направи брејк во третиот гем, а тоа толку многу го изнервира Руне што набргу потоа се повреди кога удри во оградата со рака и го раскрвави прстот. Во полуфиналето српскиот тенисер за ривал го очекува победникот од мечот меѓу Де Минаур и Рубљев.

ПретходноСаудиска Арабија се обидува да ги купи АТП Мастерсите во Мадрид и Мајами!
СледноИвановиќ го победи Партизан како кормилар на Басконија