Се одиграа сите осум средби од 11.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше во Битола, каде во супер – дербито Беса успеа да го победи Пелистер со 1:2. Голема победа и големи три бода, сега тимот од Добри Дол има +6 пред вториот Детонит, а Пелистер падна на третото место.
Тензично беше во Битола, а гостинскиот тренер Таневски доби црвен картон.
Тетекс беше поразен кај Арсими, Детонит со 3:0 го победи Новаци и сега е втор на табелата. Охрид одигра само 1:1 кај Саса и загуби два златни бода во битката за највисок пласман.
Скопје со 3:1 го доби Башкими, а Кожув и Беласица одиграа без победник 1:1. Караорман со 2:0 славеше со Осогово, додека Вардар Неготино со 3:2 ја совлада Победа.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 11.КОЛО
Арсими – Тетекс 2:1
Детонит – Новаци 3:0
Скопје – Башкими 3:1
Саса – Охрид 1:1
Караорман – Осогово 2:0
Кожув – Беласица 1:1
Пелистер – Беса 1:2
Вардар (Н) – Победа 3:2
ТАБЕЛА
Беса 28, Детонит 22, Пелистер 21, Охрид 20…