Врие во Битола! Полицијата го спаси судијата од ќотек!!!

14819

Пелистер ја загуби дерби пресметката со Беса на домашен терен со 1:2 во контроверзен натпревар на кој гостинот беше подобар ривал на теренот, иако двата гола се постигнати од спорни моменти.

Пеналот е сомнителен а и голот постигнат од игра е спорен поради ифсајд ситуација. Пелистер беше немоќен и очаен а Беса ги искористи спорните моменти, но и идеалните 2-3 прилики за гол од кои беше потешко да се утне голот. Но Маријан Младеновски е скопскиот арбитар кој сеознава е човекот во црно на Беса, кој редовно ги суди сите нивни тешки натпревари и предизвици. Реакцијата на домашните, управата и играчите на Пелистер по средбата е доволна потврда за гневот, незадоволството и најавата дека имало судиска кражба. Дознаваме дека полицијата го спасила Младеновски од ќотек во соблекувалните каде обид за напад имало од одредени личности кои се во раководните структури на Пелистер.

Да потсетиме! Ова беше дерби, ова беше дуел во Битола на Пелистер каде по обичај на ваквите дерби средби со години арбитрите знаат како да ги заштитат гостите! Зошто!? Судијата е судија и тој си го гледа само сопствениот интерес и „мува не го лази“, што со неговите одлуки се урива одреден проект, буџет, клуб со навивачи и традиција!

Но, времињата се минуваат и секој со „мувата на капата“, треба да се соочи со својата совест пред спиење. Пелистер треба вината да ја бара во сопствените редови! Не може, не смее ваков клуб на свој терен да бид нечија жртва и мајтап од некого. Силна управа и силен тим може и против судиски неправди! Доста со тој Младеновски и негова арбитража на Беса! Досадни и смешни сте иако за секоја средба има 3.000 причина за СТОП на ваквата арбитража!!!

ПретходноЕлмаааас гооол: Дијамантот “тресе“! (ВИДЕО)
СледноЛеверкузен си гази, Мајнц го шокира Лајпциг, Анјтрахт го декласира Унион Берлин! (ВИДЕО)