Лазаров остана со едно лево крило за реваншот со Грција, се повреди Кузманоски!

483

Спортспорт во Солун, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација денеска (17:30 часот по македонско време) го игра вториот пријателски натпревар против Грција во Солун. Првата пресметка заврши без победник (29-29), нашите ракометари до 45. минута имаа водство и добра игра, по што судиите ги вмешаа „прстите“, па Грција се врати во мечот. Во драматична завршница Никола Костески успеа да погоди за реми.

На втората средба Кирил Лазаров на располагање ќе има само едно лево крило, откако Цветан Кузманоски го повреди прстот на раката. Одговорноста цела ќе припаден на Петар Атанасијевиќ.

Според најавите ќе има промена и на голманската позиција. Марко Кизиќ ќе биде на местото на Мартин Томовски.

ПретходноПубликата во Париз го исвиркуваше Ѓоковиќ додека одеше во тоалет (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Брегалница посакува триумф, Работнички го дочекува Силекс, Тиквеш игра со Гостивар, Брера гостува кај Воска