Ѓоковиќ со пресврт до ново финале во Париз и битка за 40-тата Мастерс титула!

427

Новак Ѓоковиќ е вториот финалист на АТП Мастерсот во Париз, откако вечерва славеше над рускиот тенисер Рубљев со пресврт. Србинот утре ќе игра за јубилејната 40-та титула на Мастерс турнирите во кариерата.

Светскиот рекет број еден по голема борба успеа да го совлада Андреј Рубљев по 180 минути игра со 5:7, 7:6 (3), 7:5 и да се пласира во финалето на Мастерсот во Париз. Тој во деветтото финале во Париз ќе игра против Григор Димитров, кој претходно во првото полуфинале ја потврди својата извонредна форма на крајот на сезоната и исто така во победа во три сета обезбеди пласман во финалниот меч.

Новак утре ќе се бори за седмиот пехар од турнирот во Париз, шести сезонава и вкупно 98. во кариерата.

ПретходноМиовски со гол за победа и финале во шкотскиот Лига Куп! (ВИДЕО)
СледноХет-трик на Кејн, Баерн слави во Дортмунд (ВИДЕО)