Микел Артета верува дека главниот судија на мечот со Њукасл, Стјуарт Атвел требаше да го поништи голот на домаќините со кои тие дојдоа до победата.
„Ги пофалив играчите за начинот на кој играа и се бореа на овој стадион против овој противник. Исходот требаше да биде различен од различни причини. Ако некој тим сакаше да победи, тоа беше Арсенал. Се срамам од тоа што се случи, што овој гол не беше поништен во лигата која ја нарекуваме најдобра во светот. Во оваа земја сум 20 години. Срамота е. Кога не сме доволно добри, ја прифаќам одговорноста за тоа. Но, она што се случи сега не соодветствува на нивото каква што треба да биде оваа лига“, изјави тренерот на Арсенал.