Бока со Кавани оди по седма титула, Флуминенсе со Марсело по сефте

290

Вечерва на популарната „Маракана“ во Рио (21 часот по македонско време) ќе се одигра финалето во јужноамериканската Лига на шампиони или локално наречена Копа Либертадорес во кое ќе се соочат Бока Јуниорс и Флуминенсе. Ова е првиот аргентинско-бразилски дуел за пехарот после 2019 година.

Почнувајќи од таа година трофеите ги освојувале бразилски клубови, Фламенго и Палмеирас по два пати. Оваа година Флуминенсе втор пат ќе игра во финалето на КЛ, а го брка првиот трофеј со оглед дека го загуби финалниот дуел во 2008 година против ЛДУ Кито од Еквадор.

Бока Јуниорс атакува на седмиот трофеј со што ќе се изедначи на чело на најтрофејните со Индепендиенте. Бока ќе го игра 12-тото финале, а последниот трофеј во КЛ го освои 2007 година.

Ова финале имаше непријатна увертира. Во четвртокот аргентински и бразилски фанови се испотепаа на плажата Копакабана во Рио, па полицијата интервенираше со водени топови и солзавци. Двајца аргентински фанови биле уапсени затоа што фрлале стаклени шишиња кон полицајци и навреди.

ИГРАЧИ

Ова ќе биде дуел меѓу ветерани. На страната на бразилскиот тим Марсело, долгогодишниот фудбалер на Реал се врати во татковината и ги брани боите на Флуминенсе, на другата е Единсон Кавани, уругвајскиот ас кој помина долги години во Наполи и ПСЖ.

Марсело има 26 клупски трофеи од кои 25 со Реал Мадрид вклучувајќи и пет во ЛШ. Кавани има 22 клупски трофеја од кои шест шампионски титули со ПСЖ.

За Бока играат екс-фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро и Маркос Рохо, тука е и Дарио Бенедето, екс-фудбалер на Марсеј,  Факундо Ронкаља, екс-играч на Фиорентина, Селта и Осасуна.

Флуминенсе покрај Марсело ги има Гансо, некогашната прва ѕвезда на Сантос и Сао Пауло, пргавиот Фелипе Мело, екс-играчот на Јувентус, Галатасарај и Интер, Марлон од Шахтјор Доњецк, а тренер им е Фернандо Диниз, идниот бразилски селектор.

ФАВОРИТ?

Исксутвото е на страната на Бока, а со Флуминенсе младост и полетност. Флуминенсе игра на домашен терен (Рио), да кажеме дека го демолираа Ривер Плата со 5:1 во групната фаза. Бразилците играа ефикасно, постигнаа 22 гола до финалето од кои 12 во нокаут фазата.

Бока имаше проблематичен пат до финалето, секоја рунда во нокаут фазата ја помина преку пенали, а постигна само 12 голови во КЛ, а три од нив паднаа на еден меч. Но исто така имаат и добра одбрана која прими само пет гола.

МОЖНИ СОСТАВИ
БОКА ЈУНИОРС: Ромеро – Адвинсула, Фигал, Валентини, Фабра – Медина, Пол Фернандез, Еки Фернандез, Барко – Мерентиел, Кавани

ФЛУМИНЕНСЕ: Фабио – Ксавиер, Нино., Фелипе Мело, Марсело – Мартинели, Андре-Ариас, Гансо, Кено – Герман Кано

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ШАМПИОНИ (Извор ФБ/Копа Либертадорес)

May be an image of text that says "1960 1961 1962 G.A.I 1963 RACING EdeLP 1964 1965 1969 1966 1970 1967 1971 CABJ 1968 1972 1973 R 1974 1978 CABJ 1975 1979 1976 1980 GRÊMIO 1977 1981 1982 1983 1987 1984 1988 1985 SPFC 1989 1986 COLO-COLO SPFC 1990 1991 1992 1996 GRÊMIO 1993 1997 CAB 1994 1998 SPFC 1995 1999 2000 CABJ 2001 2005 2002 2006 2003 **** 2004 2007 2008 2009 2010 2014 GRÊMIO 2011 2015 2012 2016 2013 2017 2019 2020 2021 2018 ? 2023 2022 -CONMEBOL- LIBERTADORES THE ETERNAL GLORY"

 

ПретходноВечерва „Der Klassiker“: Баерн десет меча не знае за пораз од Дортмунд
СледноНа фудбалер на Беса му се слоши, со амбулантно возило однесен во болница (видео)