Бруно со гол во 91. минута му донесе победа на Јунајтед на „Крејвен котиџ“

178

По два тешки порази на домашен терен, едниот од Манчестер Сити 0:3, другиот од Њукасл со ист резултат во Лига купот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед се соочија со Фулам на „Крејвен котиџ“ во Лондон и стигнаа до бодовите.

Тоа се случи во 91 минута кога Бруно Фернандеш го најде патот до мрежата (0:1). Играчите на Јунајтед постигнаа гол во деветтата минута кога на додавање на Гарначо погоди Мектоминеј, но претходно при уфрлањето на топката имало офсајд. По реакција на ВАР тој е поништен.

Иако имаше многу време до крајот, резултатот не се смени се до првата минута од продолжението. Бруно Фернандеш добро се снајде во мешаницата и ја испрати топката во мрежата на домашниот тим.

 

ПретходноВМФЛ: Беса го победи Пелистер среде Битола и покажа кој е кој, елитата е се поблиску …
СледноМечот откажан – шоферот ги однел играчите на Арсенал во Борнмут, наместо во Брајтон!