Верстапен незадржлив, победи и на спринтот на „Интерлагос“

74

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на последната спринтерска трка оваа сезона. Вечерва во рамките на Големата награда на Бразил, трикратниот светски шампион по четвртипат во Интерлагос се најде на највисокото скалило на подиумот во трките во спринт.

Холандскиот возач беше незапирлив во Сао Паоло, а целта ја мина со четири секунди предност пред возачот на Мекларен, Ландо Норис. На третото скалило на подиумот беше Перес.

ПретходноДурент не може сам: Филаделфија го „преслуша“ Феникс (ВИДЕО)
СледноНаковски Волеј им зеде „мерка“ и на вицешампионките, Работнички се врати со победа