Вечерва „Der Klassiker“: Баерн десет меча не знае за пораз од Дортмунд

92

Фановите на Дортмунд се уште не можат да сфатат како минатата сезона ја загубија титулата во последното коло. Се беше спремно за славење, а разврската беше титула за лутиот ривал Баерн. Тогаш не играа меѓу себе во тоа коло, но, сепак „салатарата“ место во Дортмунд замина во Минхен.

Во новата сезона Дортмунд и Баерн ќе се соочат меѓу себе. Првото германско „Класико“ ќе се одржи на „Сигнал Идуна Парк“ со почеток од 18:30 часот. Марко Ројс од едната страна против Хари Кејн на другата.

Борусија е на четвртото место со 21 бод, четата на Един Терзиќ нема загубено меч но има три ремија во 9. меча. Само Јирген Клоп во сезоните 2010/11 и 2013/14 има освоено повеќе поени од моменталните после првите 9 кола. Непобедливоста на „милионерите“ на домашен терен изнесува 20 домашни натпревари вклучувајќи го и минатосезонското реми со Баерн 2:2.

Баерн исто така не е поразен во Бундес, а влегова во дуелот од второто место со два бода предност во одност на најголемиот ривал, но исто така и со два бода помалку од лидерот Баер Леверкузен. „Баварците“ веќе 10 меча се непоразени од Дортмунд (девет победи и едно реми). Ако и денес не изгуби ќе го изедначи клупскиот рекорд во непобедливост против Дортмунд.

Најтрофејниот и дал на Борусија 44 гола во последните 13 пресметки, а освен на еден кога постигнал еден гол на сите други постигнувал најмалку по два гола.

Вечерва за Баерн нема да играат Џошуа Кимих, Матијс де Лихт, а Мазруи, Горецка и Коман се под знак прашалник. Кај Дортмунд единствено Дуранвил е повреден, а неизвесен Нмеча.

МОЖНИ СОСТАВИ
ДОРТМУНД: Кобел – Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Бенсебаини – Нмеча, Џан – Мален, Ројс, Брант – Фулкруг

БАЕРН: Ноер – Мазруи, Упамекано, Ким, Дејвис – Лајмер, Горецка – Сане, Мусиала, Коман – Кејн

 

ПретходноНов ден, нова шанса: Ракометарите со една желба – победнички да си заминат од Солун!
СледноБока со Кавани оди по седма титула, Флуминенсе со Марсело по сефте