Денеска низ спортските сали во нашата земја на програмата се новите дуели од редовните кола во одбојкарските шампионати во машка и во женска конкуренција. Кај мажите на програмата е третото коло кое започнува во Скопје (13 ч.) со мечот во Петровец меѓу екипите на Вардар и Македонија Џио.
Во ова коло ќе имаме две дерби пресметки. И двете се во Тетово и двете почнуваат во 19:30 часот. Едната ќе се одигра во салата „СС Млади“ на Тетовскиот универзитет каде екипата на Универзитет во Тетово ја пречекува непоразената Шкендија, додека втората пресметка е во салата „Гоце Делчев“ во Тетово, каде исто така непоразената Лирија го пречекува скопски Работнички 71&22.
Во женска конкуренција Наковски Волеј по големата победа над шампионот Работнички неделава, денеска повторно гостува во Скопје и сега го предизвикува вицешампионот Јанта Волеј. Мечот ќе се одигра во салата „Градски Парк“ со почеток од 14 часот. Шампионот Работнички ќе се обиде да ја прекине црната серија од два последователни порази со триумф против градскиот ривал Фит Фан Волеј, додека засилената Струмица која има серозни амбиции го пречекува тимот на Вардар 2019.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 3. КОЛО
САБОТА:
13:00 Вардар – Македонија Џио
13.00 Струмица – Јанта Волеј
18:00 Штип УДГ – Весна Пробиштип
18:30 Сушево – Борец
19:30 Лирија – Работнички 71&22
19:30 Универзитет во Тетово – Шкендија
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 4. КОЛО
САБОТА:
14:00 Јанта Волеј – Наковски Волеј
15:00 Фит Фан Волеј – Работнички
16:30 Вардар ЕМ – Младост УДГ
19:30 Струмица – Вардар 2019