Интер со триумфот во Бергамо остана лидер!

78

Интер среде Бергамо славеше против Аталанта со 1:2. Три бода се освеени за останување на лидерската позиција на табелата. Сега тимот на стратегот Симоне Инзаги има 28 бода, пет повеќе од Јуве и шест од Милан и меч повеќе.

Вечерва во меч од 11.коло во Серија А, гостите од Милано поведоа со голот на Чалканоглу во 40.минута и тоа од пенал. Водството го удвои Лаутаро Мартинез во 57.минута на додавање на Мкхтарјан.

Аталанта се трудеше да дојде до што подобар резултат, но успеа само да намали Скамака во 61.минута за конечни 1:2.

Интересно, ова беше десетти меч меѓу овие две екипи на кои Интер нема пораз од Аталанта.

ПретходноГООООЛ: Алекс со деби гол за Хајдук, а „Пољуд“ во екстаза! (ВИДЕО)
СледноМиовски со гол за победа и финале во шкотскиот Лига Куп! (ВИДЕО)