Лазаров: Честитки до момците! Секогаш е убаво да се победи, знам колку е важно и за македонската јавност!

1754

Спортспорт во Солун, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација со победа и реми против Грција ја заврши ЕХФ неделата која е најава на подготовките за Европското првенство 2024 година.

Вечерва, нашите ракометари ја совладаа Грција со 22-23 во доста тензичен меч, создаден од страна на судиската двојка, која направи вистински хаос на теренот. Иако до крајот домаќинот ја имаше поддршката од делителите на правдата, сепак нашите момци предводени од одличниот Никола Митревски, успеаја да дојдат до триумф, кој многу значи, особено кога е остварен во едни вакви услови.

„Очекував вакви натпревари. Веќе кога се решивме противник да ни биде Грција и тоа на нивни терен, знаев дека нема да биде лесно знаејќи дека имаат добра селекција и дека многу напредуваат во изминатите три-четири години, против многу подобри репрезентации од нас даваа добар резултат.

Мислам дека ова е големо искуство. Ова беше пријателски натпревар, но поради самиот набој повеќе личеѓе како официјален, малтене како бараж меч. За помладите играчи, оосбено оние кои се нови, ова е големо искуство да знаат да се носат во вакви тешки и тензични ситуации. Секогаш е убаво да се победи, и вчера ви кажав дека ќе одиме на победа. Жал ми е што не можевме да дадеме уште некој играч од типот на Кизиќ, но влогот со оглед на името на противникот беше поголем и знам дека и на целата македонска јавност и значи победата, макар и на пријателски натпревар против една Грција“, ни изјави Кирил Лазаров по мечот.

Атмосферата и борбеноста и денеска победија. Овој момент посебно го радува Лазаров, кој уште еднаш потенцира да мора да се сочува најдобриот национален бренд – репрезентацијата.

„Сакам да им честитам на момците. Видовте дека има добра атмосфера, борбена игра. Победата значеше многу. Тој национален набој треба да го имаме секогаш, мора да го негуваме тоа што малку го имаме, тоа е националниот бренд – нашата репрезентација. Треба да имаме очекувања и амбиции треба, но мора да бидеме некогаш реални и да проценуваме реално. Добро се работи, се прават грешки, но да гледаме да ги исправаме заедно со аргументи, критиката, истата да биде аргументирана. Секој треба да знае да сослуша критика, сите ние учиме тука нема збор“.

Иако е рано да се прават анализи, сепак предводникот на нашиот најдобар национален тим во овој момент вели дека е најважно нашите репрезентативци да играат во своите клубови.

„Имаме многу за поправање и во секој дел од нашата работа, особено од оние кои треба да бидат додадена вредност. Очекувам Кузмановски да добие минутажа во Вецлар бидејќи сами видовте дека доприносе доста, но тоа во еден грч. Исто така се надевам дека и Филип Талески ќе има исто така поголема минутажа. Како поминува времето гледам дека минутажата е многу важна во клубовите, особено во оние каде што се играат силни натпревари. Тоа ни е важно. За помладите е важно да стекнуваат искуство со тренанжен и квалитетен процес, како ракометно, така и физички за да можеме да бидеме конкурентни на тие големи натпреварувања бидејќи гледате како одат работите, како останатите репрезентации физички делуваат.

Ние сме добра, атлетска репрезентација, која што може доста да трча, млада полетна, но има уште простор за напредок“, заврши Лазаров. 

Македонија веднаш по мечот се врати во Скопје.

ПретходноХет-трик на Кејн, Баерн слави во Дортмунд (ВИДЕО)
СледноЊукасл му го нанесе првиот пораз на Арсенал (ВИДЕО)