Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен едноставно се здодевни, победи и само победи. Деветти триумф попладнево во Бундеслигата во 10.коло.
Победа на гости кај Хофенхајм со 2:3, и зарем треба да се каже дека и натаму „фармацевтите“ се на чело на табелата, без пораз.
Виртц и два гола на Грималдо, додека за домашните стрелаа Стах и Вегхорст.
Келн одигра 1:1 дома со Аугзбург, додека Фрајбург со гол од пенал во 90+4.минута се спаси од пораз и тоа преку Грифо за конечни 3:3 против Менхенгладбах.
Мајнц на свој терен го шокира Лајпциг со 2:0, а Франкфурт со 0:3 го декласира Унион Берлин на негов терен.