Миовски со гол за победа и финале во шкотскиот Лига Куп! (ВИДЕО)

499

По пауза од 4 години, Абердин повторно ќе игра во финалето на шкотскиот Лига Куп и тоа благодарение на нашиот репрезентативец Бојан Миовски. Со погодокот на Миовски во 78. минута, Абердин славеше на гостувањето кај Хиберниан во првото полуфинале на Лига Купот на Шкотска.

Миовски погоди само неколку минути откако неговиот тим остана со играч помалку поради исклучувањето на МекКензи. За Абердин оваа победа е голема шанса да се обидат по пауза од 9 години, повторно да се закитат со трофеј од ова куп-натпреварување. Последен пат „црвените“ успеаја да слаат во Лига Купот во 2014 година, кога во финалето го совладаа Инвернес.

 

ПретходноИнтер со триумфот во Бергамо остана лидер!
СледноЃоковиќ со пресврт до ново финале во Париз и битка за 40-тата Мастерс титула!