Спортспорт во Соулн, Марија Ковачева
Никола Митревски запиша девет одбрани на првата контрола со Грција која заврши без победник 29-29. Искусниот македонски репрезентативен голман пред денешната втора пресметка го анализира вчераниот меч и потенцира што треба да се направи веќе денеска.
Неколку грешки, пробивања, па и помош за домашната екипа, беа доволни за да Грците се вратат во мечот. Митревски добри го познава противникот, препудпредува дека не е истиот тим како порано како пред пет-шест години.
„Добро го отворивме првиот меч и во напад и во одбрана. Искористивме некои нивни грешки. Со ротациите малку изгубивме ритам, направивме некои почетнички грешки… што е нормално. Тие искористија, се вратија. Беше два-три гола, на полувреме три предност за нас. Одлично отворивме и во второто полувреме. Поведовме и со пет гола разлика. Тука големо влијание имаше што не беа досудени некои пробивања, грешки што беа исфорсирани затоа што не беа досудени фаули.
Во ред, ние бевме спремни дека може да има таква помош за домашната екипа. Ние треба да гледаме каде ние погрешивме. Четири гола примивме на празен гол, по грешка во додавања. Тие грешки мора да ги поправиме и ако тоа го сториме ќе бидеме на добар пат. Грција не е ‘онаа’ репрезентација од пред пет-шест години. Овде многу проблеми имаше Хрватска, Холандија загуби натпревар, се пласираа на ЕП. Имаат солидна репрезентација и никако не се потценување. Имаат играчи во АЕК, Олимпијакос, Бундеслига… Ова е добра можност за двата тима. Денеска ќе биде слично како и вчера, нема да биде решена до последен момент. Имаат и тие што да поправат, имаме и ние. Ќе биде меч, на „Една топка“, изјави Никола Митревски.
Македонија и Грција играат во истиот термин, на голот покрај Митревски ќе биде Марко Кизиќ, а во составот нема да биде и Цветан Кузманоски кој го повреди прстот на раката.