Младинците повторно ја победија Турција!

231

Иако не така убедливо како вчера, сепак победа си е победа. Имено и денеска нашата машка младинска ракометна селекција во вториот пријателски меч, успеа да слави против Турција со 27:23. Да потсетиме дека вчера ја победивме соодветната селекција на таа земја со 34:19.

Денеска, на вториот меч, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ го искажаа сиот свој квалитет, на полувремето имаа водство од 12:10.

Инаку и на овој меч Стојановиќ комбинираше со составот, давајќи и, минутажа на сите свои расположиви ракометари.

Па така Турција – Македонија 23:27.

ПретходноУште еден инцидент: Општа тепачка на трибините во Каменица! (ВИДЕО)
СледноРакометарите ја урнаа Грција среде Солун за крај на ЕХФ неделата