На фудбалер на Беса му се слоши, со амбулантно возило однесен во болница (видео)

1158

На натпреварот меѓу Пелистер и Беса во втората македонска лига имаше прекин поради укажување на лекарска помош на фудбалерот на Беса, Ариф Фатмир. Тој имаше дуел со еден играч на Пелистер по кој судијата досуди прекршок. Враќајќи се наназад тој падна и мораше да му биде укажана лекарска помош.
Фудбалерот кој беше свесен но не можеше да стане, па беше качен во амбулантно возило и однесен во болница. Дополнително ќе биде познато за што точно се работи. Инаку натпреварот продолжи.

ПретходноБока со Кавани оди по седма титула, Флуминенсе со Марсело по сефте
СледноПолувреме: Голчиште на Мишевски во Штип, “лавовите“ убедливи, Гостивар со водство во Кавадарци, без голови во Маџари и Охрид! (ВИДЕО)