Нов ден, нова шанса: Ракометарите со една желба – победнички да си заминат од Солун!

213

Спортспорт во Солун, Марија Ковачева

По ремито на првиот пријателски натпревар, македонската ракометна репрезентација денеска (17:30 часот по македонско време) ќе има шанса да дојде до победа против Грција за крај на ЕХФ-неделата со која почнува „мисијата“ за ЕУРО 2024 година.

Кирил Лазаров на оваа средба ги ротираше речиси сите ракометари кои му беа на располагање, шанса не добија само Давид Савревски и Мартин Серафимов, кои денеска ќе ги очекуваат своите први минути на овие контролни мечеви.

Дел од репрезентативците се уште го бараат своето место, па воигрување на ваквите средби е од големо значење пред почетокот на вистинскиот предизвик.

Лазаров потенцира дека и резултатот секако е важен, па се надева дека оваа ЕХФ недела ќе ја завршат победнички.

„Кога се игра пријателски натпревар се настојува да се воиграат што повеќе тактички замисли, но овие мечеви секогаш носат посебен набој, што е добро, бидејќи ќе донесат плус за нашата репрезентација. Секако, сакаме да победиме, се надевам дека тоа ќе се случи на овој втор натпревар“, изјави селекторот Кире Лазаров.

Во составот на македонската ракометна репрезентација ќе две промени, Марко Кизиќ ќе биде на местото на Мартин Томовски, додека поради повреда на прстот нема да настапи ниту Цветан Кузманоски.

ПретходноОбрадовиќ ја прекина прес-конференција поради лош превод: Јас не го кажав тоа!
СледноВечерва „Der Klassiker“: Баерн десет меча не знае за пораз од Дортмунд