Обрадовиќ ја прекина прес-конференција поради лош превод: Јас не го кажав тоа!

1873

Жељко Обрадовиќ ги анализираше причините за поразот на Партизан од Басконија. Во трилер завршницата победи шпанскиот тим (84:83). Трофејниот стручњак во еден момент го прекина пресот. Тоа се случи кога неговата изјава беше преведена од англиски на шпански.

„Јас не го кажав тоа. Ако сакате, можеме да разговараме на шпански, на кастилски“, се насмеа Обрадовиќ, а потоа го повтори она што го кажа.

Во продолжение искусниот стратег додаде дека на еден меч не може да се загуби контрола доколку сака да се добие.

„Не можете да зборувате за контрола кога губите топки на ваков нечин. Во една четвртина влегувате со предност, треба да ја задржите главата ладна, да носите добри одлуки, наместо тоа изгубивме топки и затоа загубивме на крајот“.

ПретходноДве дерби пресметки во Тетово, Наковски Волеј го предизвикува вицешампионот
СледноНов ден, нова шанса: Ракометарите со една желба – победнички да си заминат од Солун!