ПМФЛ: Брегалница посакува триумф, Работнички го дочекува Силекс, Тиквеш игра со Гостивар, Брера гостува кај Воска

161

Во очекување на утрешните две големи дербија од 13.коло меѓу Струга ТЛ – Шкендија и Шкупи – Вардар, денеска од 13 часот  на програмата се четири натпревари во нашата елитна фудбалска лига.

Во Штип екипата на Горан Здравков ја дочекуваат Македонија ЃП. Тоа ќе биде одлична шанса за “сините“ да дојдат до три бода и да се искачат на табелата. По добрата игра минатиот викенд во Кратово и ремито со Силекс, секако дека желбите се победа. Од друга страна никогаш не е лесно да се игра против “лавовите“.

Работнички го дочекува Силекс. Одамна е вклучен алармот во таборот на клубот од Дебар Маало. Јасно е дека ова ќе биде тешка сезона, Милан Илиевски доби “шут – карта“ по катастрофалните резултати, па така сега тимот како преодно решение ќе го води Горан Станиќ. Сепак треба да се победи силниот Силекс кој на Маџари доаѓа со свои амбиции.

Супер интересно ќе биде во Кавадарци. Тиквеш го дочекува забревтаниот Гостивар. Тука се е можно, секој резултат е опција.

Ќе победи ли конечно Брера Струмица? Осум кола “италијанците“ од Струмица не знаат што е победа, па еве шанса денеска да го сторат тоа кај гостувањето кај Воска.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Скопје: Работнички – Силекс

Штип: Брегалница – Македонија ЃП

Кавадарци: Тиквеш – Гостивар

Охрид: Воска – Брера

УТРЕ, 13 Ч

Струга: Струга ТЛ – Шкендија

Скопје: Шкупи – Вардар

ТАБЕЛА

Шкупи 25, Шкендија 25, Струга ТЛ 24, Силекс 20, Брера 15, Тиквеш 15, Брегалница 14, Гостивар 14, Работнички 13, Македонија ЃП 12, Воска 12, Вардар 11 бодови

ПретходноЛазаров остана со едно лево крило за реваншот со Грција, се повреди Кузманоски!
СледноБоби Митев поради семејни причини го напушти Сабах!