Полувреме: Блесок на Серафимов, Македонија води со два гола во Солун

720

Спортспорт во Солун, Марија Ковачева

ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА (10-12)
МАКЕДОНИЈА: Кизиќ (), Митревски (4 одб), Пешевски , Ненад Костески 2, Никола Костески 1, Џонов 1, Талески 1, Велковски 2, Атанасијевиќ, Јагуриновски, Маркоски, Серафимов 4, Кузмановски 1, Ѓоргиев, Лазаревски, Савревски.

Македонската ракометна репрезентација по првите 30 минути на втората пријателска средба против Грција има два гола предност 10-12.

Вечерва домашниот тим отвори подобро, поведе со 0-2 по минута и пол игра, додека нашите ракометари им подарија една топка и нереализираа напад. Првиот гол за Македонија го постигна Велковски, ја круниса со гол одбраната на Митревски, во четврата минута (2-1). После серија промашувања на двете страни Ненад Костески со два гола во низа донесе водство на Македонија од 2-3 во деветата минута (Митревски запиша уште една интервенција).

По седмерецот на Никола Костески за 4-5, Грција ги казни нашите нови грешки, поведе со 6-5 на средината на првото полувреме. Талески и Кузмановски на момент го вратија водството, 20 минута ја почнавме во 7-8, но резултатската нишалка продолжи.

И денеска судиите повеќе влечеа кон својот тим, имаше ситуации на кои се правеа „слепи“.

Сепак тоа не ги демотивираше нашите момци. Серафимов ја дочека својата шанса, со четири погодоци, после две одбрани на Митревски, успеа да донесе позитива од три гола 9-12 во 28. минута. Одбраната токму во последните десет минути беше цврста, па Грците тешко доаѓаа до голот, а сето тоа вроди плод.

Домаќинот после долго време успеа да ја погоди нашата мрежа, на одморот резултатот е 10-12.

Мартин Серафимов со четири гола е најдобриот стрелец на Македонија по првото полувреме, Митревски запиша четири одбрани.

ПретходноЧудо: Сити постигна шест гола, а Халанд ниту еднаш не се запиша во листата на стрелците!(ВИДЕО)
СледноУште еден инцидент: Општа тепачка на трибините во Каменица! (ВИДЕО)