Полувреме: Голчиште на Мишевски во Штип, “лавовите“ убедливи, Гостивар со водство во Кавадарци, без голови во Маџари и Охрид! (ВИДЕО)

420

Завршија првите полувремиња од четирите средби од 13.коло во ПМФЛ попладнево.

Супер, мајсторски, фантастичен гол на капитенот на лавовите“ Филип Мишевски во Штип кога од околу 25 метри од слободен удар ја затресе мрежата на Брегалница. Тоа се случи во 22.минута, за да три минути подоцна, Стојков исто од далечина погоди за 0:2 за Македонија ЃП. Алии во 44.минута зголеми на 0:3.

Гостивар има водство од 1:2 во Кавадарци. Абдула во 11.миута погоди за 0:1, во 32.минута Атиемвен од пенал зголеми на 0:2, за да Спахиу намали на 1:2.

Тешкиот терен на Маџари не дозволи којзнае каква игра на Работнички и Силекс, па на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Исто така без голови заврши првото полувреме на дуелот во Охрид каде се среќаваат Воска и Брера.

ПретходноНа фудбалер на Беса му се слоши, со амбулантно возило однесен во болница (видео)
СледноТФТ со петта победа по ред во шампионатот (ФОТОГАЛЕРИЈА)