Ракометарите ја урнаа Грција среде Солун за крај на ЕХФ неделата

9976

Спортспорт во Солун, Марија Ковачева

ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 22-23 (10-12)
МАКЕДОНИЈА: Кизиќ (), Митревски (9 одб), Пешевски , Ненад Костески 2, Никола Костески 2, Џонов 2, Талески 3, Велковски 3, Атанасијевиќ 1, Јагуриновски, Маркоски 1, Серафимов 5, Кузмановски 1, Ѓоргиев 2, Лазаревски, Савревски

Македонската ракометна репрезентација ЕХФ неделата ја завршува со победа, откако на втората пријателска средба против Грција славеше со 22-23 (10-12). 

И вечерва не беше поразлично од вчера кога станува збор за судиите. Очекувано беше да имаат блага наклонетост кон Грција, но не и да прават катастрофални грешки. Сето ова предизвика нервоза на теренот.  

Грција поведе со 0-2 по минута и пол игра, казнувајќи ја нашата подарена топка и нереализиран напад. Првиот гол го постигна Велковски, ја круниса со гол одбраната на Митревски, (2-1 во четвртата). После серија промашувања на двете страни Ненад Костески со два гола во низа донесе водство на Македонија од 2-3 во деветата минута (Митревски запиша уште една интервенција).

По седмерецот на Никола Костески за 4-5, Грција ги казни нашите нови грешки, поведе со 6-5 на средината на првото полувреме. Талески и Кузмановски на момент го вратија водството, 20 минута ја почнавме во 7-8, но резултатската нишалка продолжи.

Сепак тоа не ги демотивираше нашите момци. Цврстата одбрана и одличниот Серафимов кој ја дочека својата шанса, со четири погодоци (после две одбрани на Митревски), успеа да донесе позитива од три гола 9-12 во 28. минута. Грција намали на 10-12 па се замина на одмор.

Ракометарите не го задржаа темпото кое требаше да донесе помирен тек на настаните, три технички грешки, по голот на Серафимов за 11-14, ја вратија Грција во игра, во 39. минута поведе со 15-14. И не беше само ова, Јагуриноски и Кузмановски заработија исклучувања, поради протест кон судиите, кои не знаеја за доста.

Пешевски во хасот на теренот беше смирен, израмни на 15-15. Судиите создадоа нервоза на двете страни, па головите изостануваа, повеќе гледавме рвање на теренот. На средината на второто полувреме, Митревски со две интервенции го крена тимов, Маркоски и Никола Костески го вратија водството на Македонија 16-17.

Македонија, 52-та минута ја отвори со позитива од три гола, Велковски, а потоа Џонов од седум метри по одбраната на Митревски, и Ѓогриев, погодија за 17-20. Ниту ова водство не беше доволно за мирен финиш, Грција брзо врати со иста мера за 20-20 во 56. минута.

Петар Атанасијевиќ и Талески имаа одговор, „црвено-жолтите“ поведоа со 20-22 во 27 минута. Оваа позитива ја имавме на минута и пол до крајот (21-23, Ѓоргиев постигна брз гол).  Овој пат ниту судиите не успеја да ја вратат Грција, на крајот покрај сите неправди, Македонија повеќе од заслужено ја доби оваа средба.

ПретходноМладинците повторно ја победија Турција!
СледноГООООЛ: Алекс со деби гол за Хајдук, а „Пољуд“ во екстаза! (ВИДЕО)