Серафимов: Нема да го коментирам судењето, одговоривме на најдобар можен начин!

722

Спортспорт во Солун, Марија Ковачева

Мартин Серафимов беше џокерот на Кирил Лазаров на крајот на првото полувреме против Грција вечерва. Со четири гола од вкупно пет донесе водство на македонската репрезентација на одморот.

Ракометарот на Алкалоид посакува и се надева дека ова ќе биде најава за она што допрва следува. Иако судењето беше катастрофално, сепак младиот ракометар одлучи да не го коментира истото, бидејќи на една таква арбитража Македонија одговори на најдобар можен начин.

„Ова ни беше втор меч против Грција, по вчерашното реми денеска успеавме да стигнеме до посакуваниот триумф. Многу сум среќен од играта на целата екипа, одигравме машки покажавме карактер и квалитет. Знаеме дека можеме и уште подобро, се надевам дека ова беше само најава за уште поквалитетни партии, ова беше добар тест за предизвиците што се наоѓаат пред нашата репрезентација.
Имаме навистина квалитетни ракометари, од прв до последен, неслучајно сме редовни учесници на големите натпреварувања. Сите сме тука за Македонија, даваме се за репрезентативниот дрес и се бориме за уште поголеми успеси во идниина. Не би сакал да го коментирам судењето, тоа е тоа, игравме во Грција, очекувавме домаќините да имаат таква помош, мислам дека не се разочаравме туку одговоривме на најдобар можен начин“, изјави Мартин Серафимов по натпреварот.
ПретходноЧаир 2030 славеше над Кожув: На полувреме губеа со 17 разлика, на крајот победија
СледноДурент не може сам: Филаделфија го „преслуша“ Феникс (ВИДЕО)