Њукасл му го нанесе првиот пораз на Арсенал (ВИДЕО)

160

Њукасл му го нанесе првиот пораз на Арсенал сезонава, откако вечерва во последниот дуел од денешната програма во Премиерлигата, славеше со минимални 1:0. Во натпревар без голем бројот на шанси, но пред се жесток физички дуел, двата тима се надеваа дека токму со еден гол ќе можат да го решат победникот.

Одлуката дојде во 64. минута, кога по неколку одбивања, топката стигна до Ентони Гордон, кој ја искористи гужвата пред голот и погоди за водство. Судиите во ВАР собата долго ја проверуваа целата акција, бидејќи имаше дури три спортни моменти, но на крајот не најдоа ниту еден нерегиларен елемент.

Арсенал го претрпе првиот пораз сезонава, а Њукасл го прескокна Брајтон на шестото место на табелата.

ПретходноЛазаров: Честитки до момците! Секогаш е убаво да се победи, знам колку е важно и за македонската јавност!
СледноЧаир 2030 славеше над Кожув: На полувреме губеа со 17 разлика, на крајот победија