Барселона не само што преживеа, туку и извлече победа од 1-0 на гостувањето кај Реал Сосиедад во новото коло во Ла Лига. Трите бода на Каталонците им ги донесе Роналд Араухо со голот во третата минута од судиското надополнување.
Во меч во кој домаќните бараа шанса за изненадување, Барселона на крајот веројатно ќе беше задоволна и со бод, но битката се води до последниот судиски свиреж, а тоа момците на Чави го покажаа уште еднаш вечерва.
По нафрлувањето на Гундоан, Араухо ја смести топката во мрежата на домашните за молк на домашните навивачи.
Со овие три бода Барселона се врати на третото место на табелата, додека Реал (С) е шести.