Боби Митев поради семејни причини во следниот период нема да го води азербејџанскиот првак, Сабах. Македонскиот стратег одлично ја почна сезоната, успеа да го однесе клубот во групната фаза во ФИБА Еврокупот, заврши како прв на турнирот кој се одржав во Скопје.
„ Би сакал да му се заблагодарам на менаџментот, на господинот Бабир и безрезервната поддрка во Сабах. Моето срце останува со нив“.
На препорака на Митев, тренерското место ќе му припадне на Никола Божиновски.
„Во отсуство на Митев функцијата на прв тренер ќе му припадне на Никола Божиновски, кој веќе одлично го познава тимот и системот кој Митев го воведе“.