Фановите на Дортмунд се уште не можат да сфатат како минатата сезона ја загубија титулата во последното коло. Се беше спремно за славење, а разврската беше титула за лутиот ривал Баерн. Тогаш не играа меѓу себе во тоа коло, но, сепак „салатарата“ место во Дортмунд замина во Минхен.
Во новата сезона Дортмунд и Баерн ќе се соочат меѓу себе. Првото германско „Класико“ ќе се одржи на „Сигнал Идуна Парк“ со почеток од 18:30 часот. Марко Ројс од едната страна против Хари Кејн на другата.
Борусија е на четвртото место со 21 бод, четата на Един Терзиќ нема загубено меч но има три ремија во 9. меча. Само Јирген Клоп во сезоните 2010/11 и 2013/14 има освоено повеќе поени од моменталните после првите 9 кола. Непобедливоста на „милионерите“ на домашен терен изнесува 20 домашни натпревари вклучувајќи го и минатосезонското реми со Баерн 2:2.
Баерн исто така не е поразен во Бундес, а влегова во дуелот од второто место со два бода предност во одност на најголемиот ривал, но исто така и со два бода помалку од лидерот Баер Леверкузен. „Баварците“ веќе 10 меча се непоразени од Дортмунд (девет победи и едно реми). Ако и денес не изгуби ќе го изедначи клупскиот рекорд во непобедливост против Дортмунд.
Најтрофејниот и дал на Борусија 44 гола во последните 13 пресметки, а освен на еден кога постигнал еден гол на сите други постигнувал најмалку по два гола.
Вечерва за Баерн нема да играат Џошуа Кимих, Матијс де Лихт, а Мазруи, Горецка и Коман се под знак прашалник. Кај Дортмунд единствено Дуранвил е повреден, а неизвесен Нмеча.
МОЖНИ СОСТАВИ
ДОРТМУНД: Кобел – Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Бенсебаини – Нмеча, Џан – Мален, Ројс, Брант – Фулкруг
БАЕРН: Ноер – Мазруи, Упамекано, Ким, Дејвис – Лајмер, Горецка – Сане, Мусиала, Коман – Кејн