Њукасл му го нанесе првиот пораз на Арсенал сезонава, откако вечерва во последниот дуел од денешната програма во Премиерлигата, славеше со минимални 1:0. Во натпревар без голем бројот на шанси, но пред се жесток физички дуел, двата тима се надеваа дека токму со еден гол ќе можат да го решат победникот.
Одлуката дојде во 64. минута, кога по неколку одбивања, топката стигна до Ентони Гордон, кој ја искористи гужвата пред голот и погоди за водство. Судиите во ВАР собата долго ја проверуваа целата акција, бидејќи имаше дури три спортни моменти, но на крајот не најдоа ниту еден нерегиларен елемент.
Арсенал го претрпе првиот пораз сезонава, а Њукасл го прескокна Брајтон на шестото место на табелата.