Осасуна – Џирона 2:4 во меч од 12.коло во Ла Лига. Победа, три бода за враќање на лидерското место на табелата, барем се додека Реал Мадрид не го одигра својот меч.
Ова за Џирона е десеттата победа во 12 меч, и оваа екипа дава до знаење дека нема шега со нејзе.
Стрелци на головите за гостите беа Мартин, Довбик, Циганков и Гарсија. Резултатот беше 0:1, па 2:1 за Осасуна, но на крајот 2:4 за лидерот на табелата.